Атеизам: зборот кој потекнува од грчкиот збор “atheos” бил за прв пат споменат како термин во Франција во 16 век во делото “A Woorke concerning the trewnesse of the Christian Religion”, кое што е напишано на Француски: Против Атеисти, Епикури, Незнабошци, Махуметисти и други неверници од Philip од Mornay господар на Plessie Marlie, почнал да го преведува Sir Philip Sidney Knight на англиски, и по негово барање било завршено од Arthur Golding. Се до 18 век немало отворен прием за “силен атеизам”. Без разлика, атеистички идеи и влијаниа имаат подолга историја одколку што можеме да заклучиме од ова. Колку што знаеме, филозофски атеистички мислења се појавиле за прв пат во Европа и Азија во шестиот или петиот век пред нашата ера.
Еден од првите атеисти мислители
Diagoras од Melos, грчки поет кој живеел во петиот век пред нашата ера е еден од првите атеисти за кои што знаеме. По насилната окупација на Melos од атињаните во 416 година пред нашата ера, Diagoras станал атеист. Тој сметал дека неправдата која што ја исвршувале окупаторите била неприфатлива и неможел да поверува дека боговите би ја дозволиле истата. Тој ги искажувал своите атеистички мислења за мистериите на Eleusis(популарен култ кои бил славен во Eleusis.) и православна религија. Има приказна што е опишана во дел 4 од A Plea for the Christians, напишана од Athenagoras атињанецот, во која Diagoras фрлил дрвен идол во оган. Тој тврдел дека ако богот бил вистински, би направил чудо за да се спаси од огнот. Пријател на Diagoras пробал да го убеди во постоењето на боговите, давајќи му примери за луѓе кои што преживеале тешки бури на море, молејќи ги боговите да ги спасат. Diagoras му рекол дека нема запис од луѓе кои што во иста ситуација преживеале. Еден ден, Diagoras бил на брод; се појавила силна бура. Екипажот помислил дека ова се случува поради Diagoras, кој бил безбожен човек. Diagoras тогаш се запрашал дали има други безбожни луѓе на бродовите кои исто така влегле во бурата, бидејки сепак, зошто инаку би биле казнети? Diagoras бил осуден на смрт поради одбивање на доктрините на Orpheus, бидејки ги открил мистериите на Eleusis и Caberi и поради тоа што исекол дрвена статуа од Hercules на парчиња за да ги сготви неговите репи. Diagoras избегал по осудувањето, а награда била ветена за тој што ке го донесе Diagoras пред органите на власт. Diagoras избегал во Corinth, каде што веројатно и починал.
Theodus атеистот
Theodus од Cyrene, кој живеел измеѓу периодот 340 – 250 година пред нашата ера, бил филозоф кој може да се поврзе со школото во Cyrene. Пред да се врати во родниот крад Cyrene, каде што починал, Theodore живеел и во Грција и во Александрија. Како филозоф од Cyrene, Theodore учел дека да се најде задоволство и да избегнува тага се главните цели во животот, дека радост е резултат од знаење, и дека тагата е резултат од незнаење. Тоа по што Theodore бил најпознат биле неговите атеистички мислења. Тој бил обично опишуван од антички писатели како “Atheus” атеистот. Доброто го дефинирал како правда и претпасливост, а лошото го дефинирал како обратното од тоа. Задоволство и болка, на другата страна, биле ниту добри ниту лоши. Ги направил пријателството и патриотизмот најблагородни идеали во животот, и го гледал светот како држава. Учел дека нема ништо инхерентно срамно во кражба, прељуба или сквернавење; ако некој го игнорира јавното мислење што било формирано со согласност на будала. Теодор бил обвинет за атеизам и бил нападнат предходно неколку пати поради тоа. “Тој нема никаква почит кон боговите и одбива сите аргументи што ја оправдуваат таа почит.”, вели Laertius. Некои луѓе велат дека не е сигурно дали тој бил атеист или не или само го негира постоењето на богови како што верува мнозината. Обвинувањето за атеизам, без разлика, е поддржано од неговото популарно име Atheus, доделено од Cicero, Laertius, Pseudo-Plutarch, Sextus Empiricus, и некои христијански писатели. Други пак велат дека е човек со девиација од популарната теологија во тоа време.
Има неколку примери за атеизам во антиката, кои покажуваат дека атеистички мислења постојат многу повеке одколку што многу од нас мислат, но има многу, многу примери; премногу за да се стават во еден артикл. Поради тоа, ќе го завршам овој артикле со тоа што ќе кажам “Во продолжение”.